Поминаа 15 години од филмот кој ѝ го променил животот, а по него за оваа холивудска убавица се тргнало надолу

popara21 јануари, 20231min00
katherine-heigl-2-830x0

Кетрин Хејгл беше на врвот на својата слава кога пред 15 години го сними филмот „27 Dresses“, но после тоа работите за неа тргнаа надолу.

Една од омилените романтични комедии „27 Dresses“ беше премиерно прикажана пред 15 години и сè уште има свои фанови, исто како и главната актерка Кетрин, иако не беше секогаш така.

Откако филмот стана вистински хит, актерите кои се прославија тргнаа во различни правци и протекоа детали кои не и беа познати на јавноста. Така, угледот на Кeтрин одеднаш беше нарушен откако се шпекулираше дека е тешко да се работи со неа и откако лошо зборуваше за своите проекти во кои подоцна глумеше.

Тоа се одрази и на нејзините понатамошни ангажмани и стана доста омразена во актерскиот свет, но успешни улоги оствари во филмовите „Knocked Up“ и „The Ugly Truth“. Интересно е како се шпекулираше дека ѝ било судено да стане следната Мег Рајан, но не го постигнала истиот успех како нејзината постара и попозната колешка.

Актерката која ја играше нејзината помлада верзија Пејтон Лист, имаше успешна кариера како ѕвезда на Дизни, а други беа дел од некои хит серии, како Џејмс Марсден кој глумеше во „Westworld“ додека Малин Акерман глумеше во „Reboot“.

Кетрин е во брак со музичарот Џош Кели од 2007 година и имаат две ќерки и еден син, поради што во 2010 година го напушти Холивуд и се одлучи за мирен живот во Јута. Потоа проговори за својот пад, признавајќи дека на моменти лошо се однесувала кон колегите.

– Мојата кариера вртоглаво скокна кога имав дваесетти години и нема да негирам дека тогаш бев арогантна. Се чувствував прилично недопирливо и убаво на врвот на светот. Имав чувство дека работев многу напорно за да го постигнам ова, па навистина ќе уживам. Дури и сега, понекогаш кога ги гледам насловните страници на списанијата за кои позирав во текот на денот, помислувам „девојко, спушти се малку“. Сите се однесуваат како идиоти на таа возраст – изјави таа.

Пред неколку години таа јавно се извини за своето однесување, а во 2016 година гостуваше во емисијата „Howard Stern SiriusXM“ и тврдеше дека направила голема грешка на снимањето на серијата „Grey’s Anatomy“.

– Отидов кај Шонда Рајмс и реков дека ми е многу жал за моето однесување – откри таа.

Набргу по извинувањето, Кетрин повторно почна да добива нови деловни можности, вклучувајќи ја и улогата на Саманта Вилер во серијата „Suits“ во 2018 година и достигна нов врв на популарност со улогата во „Firefly Street“ во 2021 година.

– Тоа беше како маѓепсан круг и јавен срам. Дури и доживеав малку јавно малтретирање и го сфатив навистина, навистина лично. Не знаев колку вредам – изјавила за магазинот „Стела“ и признала како се борела со менталното здравје.

Нејзините проблеми дури дошле до тој степен што чувствувала дека повеќе би сакала да биде мртва и сфатила дека треба да побара помош од своите најблиски.

– Ги замолив мајка ми и мојот сопруг да ми најдат место каде што можам да одам и тоа би можело да ми помогне бидејќи чувствував дека повеќе би сакала да бидам мртва – признала таа.

Денеска ѝ се заблагодарува на мајка си што и помогнала во тешката фаза од животот и на крајот почнала терапија која и помогнала во проблемите и на крајот почнала да зема лекови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma