Обично ја врзувате косата во реп кога немате време за некои покомплицирани фризури, па ова е наједноставната опција.
Сепак, коњското опавче може да изгледа многу подобро и да изгледа како да сте вложиле многу труд за стилизирање на вашата коса, а тоа трае само една минута!
Популарна девојка на TikTok откри како се прави плетенка со коњско опавче, за да изгледа како онаа што ја има Јасмин од цртаниот филм Аладин.
Прво треба да ја врзете косата во едноставна опашка, а потоа да ја одделите на два дела. Завртете ја првата половина од опашката до крај, а потоа направете го истото со втората половина. После тоа, само прекрстете ги и врзете го долниот дел од плетенката со ластик за коса!
@callmedynamyte SUPER COOL HAIR TRICK! #hairstyle #hairtutorial #beautytips