Интернетот полуде по овој десерт кој е познат на брегот на Амалфи, а кој не само што е пријатен за непцето туку и за окото, бидејќи е многу убаво послужен.
Италија е летна дестинација од соништата. Сонце, море, плажа, атмосфера и добра храна е се што ни е потребно за да уживаме во нашиот годишен одмор. Интернетот полуде по овој десерт кој е познат на брегот на Амалфи, а кој не само што е пријатен за непцето туку и за окото, бидејќи е многу убаво послужен. Имено, станува збор за сладолед послужен во лимон, за кој во продолжение ви го пренесуваме рецептот.
Состојки:
3 лимони
160 грама шеќер
600 мл павлака за шлаг
Подготовка:
Изрендајте ја кората од лимон, но само жолтиот дел за да не биде горчлива кората. Исечете го лимонот на половина по должина и издлабете го. Не ја фрлајте оваа кора бидејќи во неа ќе го послужите десертот, пренесува „Wall“. Исцедете ја внатрешноста на лимонот што сте ја извадиле. Во тенџере измешајте ги шеќерот, павлаката, кората од лимон и сокот. Варете на тивок оган додека не зоврие, а потоа процедете ја смесата. Процедената смеса ставете ја во кората од лимон и ставете ја во фрижидер најмалку три часа.
Уживајте!