Еден од најпознатите готвачи во светот, Гордон Ремзи, откри какво јадење секогаш избегнува кога јаде во ресторан.
Имено, Ремзи за магазинот Town and Country открил дека секогаш избегнува да нарачува супи за да е сигурен дека храната што ја јаде е свежа.
Тој изјавил дека поверојатно е дека супите се храна од која ресторанот се обидува да се ослободи, а исто така се обидува да ги избегне јадењата кои биле „куќни специјалитети“ претходниот ден.
Но, како и обично, Ремзи сподели уште неколку совети кои треба да ги применувате кога одите во ресторан. Затоа, тој предложи дека еден од најдобрите начини да откриете што е добро да се јаде во ресторан е едноставно да побарате совет од ресторанот.
Рестораторите имаат најдобар увид во она што најмногу се продава и често пробале речиси сè што е на менито.
Друга работа што не ја сака во рестораните е кога на менито има долга листа на специјалитети, а готвачот ги препорачува сите. Според Гордон Ремзи, тоа би значело дека овие специјалитети не се ништо посебно.