Поп-ѕвездата прави пауза од турнејата, Бијонсе ужива на езерото Комо (ФОТО)

popara29 јуни, 20231min00
Screenshot_7

Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи се „уловени“ на одмор во Италија, на Езерото Комо, сместени во „бесна“ вила. Папараците ги фотографирале додека уживале на балконот од вилата.

 

 

 

 

Одморот доаѓа во деновите на пауза на пејачката од светската турнеја „Ренесанса“. Моќниот пар се почести со релаксирачки викенд во најомилената дестинација на ѕвездите. Инаку, ова за нив не е првпат да одмораат токму тука, на Лаго ди Комо. Но, овојпат тие се гости на нивниот пријател Џек Дорси, ко-основач на Твитер и еден од најбогатите луѓе во светот (според Форбс неговиот личен имот изнесува 4,2 милијарди долари).

 

На фотографиите објавени од Дејли Меил кои ги обиколија социјалните мрежи, 41-годишната пејачка се релаксира на панорамскиот балкон на прекрасната вила со поглед на езерото во друштво на нејзиниот сопруг Џеј Зи, Дорси и група пријатели. Раперот и претприемач потоа бил забележан на јахта, а судејќи по насмевките изгледа дека особено уживал во возењето низ езерото.

 

Којзнае дали нашле време да се сретнат со најпознатите граѓани на Комо, Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал или да организираат обиколка и разгледување на најубавите куќи кои се на продажба.

Како што потсетува Architectural Digest, Џеј Зи и Бијонсе поседувале куќи во Њујорк, Њу Орлеанс, Хемптонс, Мајами Бич и Лос Анџелес од нивната венчавка во 2008 година, а последниот „шопинг“ на имот ги освои сите насловни страници на светските таблоиди. Имено, двојката штотуку купила дворец, поточно мега-замок во Малибу со поглед на Тихиот Океан во областа наречена Ред на милијардери, за 200 милиони долари, што го прави најскапиот дом некогаш продаден во државата Калифорнија и втор најскап во Соединети Држави.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag