
Кога се дозна дека Џенифер Лопез и Бен Афлек ја обновиле романсата, а потоа и се венчаа минатата година, многумина не претпоставуваа дека нивниот брак ќе се одвива на овој начин.
Ред кавги зад камерите, а сè почесто и пред камерите, па ред изливи на нежност пред фоторепортерите. Новото видео зачуди многу фанови на овој познат пар.
На снимката се гледа како Бен Афлек џентлменски ѝ ја отвора вратата од автомобилот на Џенифер, а потоа прави срамен потег – силно ја удира вратата и заминува на возачкото место исфрустриран и многу лут.
ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
Снимката привлече големо внимание на социјалните мрежи, каде се прашуваат за кого е наменето ова, за папараците кои постојано ги следат или за Лопез?
Бен веќе подолго време ја зачудува јавноста со своето однесување. Тој беше исклучително нерасположен и на овогодишните Греми награди во Лос Анџелес, кога се случи мала расправија помеѓу него и неговата избраничка. По целиот настан се огласи самата Џеј Ло на Инстаграм, со емотивна објава за нивната љубов.
Тогаш започнаа шпекулации дека помеѓу нив не е баш сè идилично како што Џенифер сака да го прикаже тоа. И по нивната венчавка, некои коментираа дека оваа идила нема долго да трае, донекаде водејќи се од нивната неуспешна врска пред 20 години, а во голема мера и од неговото мрзоволно однесување кога е покрај неа.
Ред кавги, ред јавни изливи на љубов беа забележани и неодамна на премиерата на филмот „The Mother“ во Лос Анџелес, а прашањето е каде е проблемот – во самиот Бен или во нивната врска.