Поранешната и сегашната сопруга на Брус Вилис му го честитаа ДЕНОТ НА ТАТКОТО! Објавија досега невидени фотографии од познатиот актер и неговите наследници (ФОТО)

popara20 јуни, 20231min00
Screenshot_8

Пријателите и семејството на актерот Брус Вилис го прославија Денот на таткото во негова чест.

 

 

 

Поранешната сопруга на Вилис, Деми Мур, и неговата сегашна сопруга, Ема Хеминг, му посветија емотивни пораки на актерот, на кого неодамна му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција.

 

„Засекогаш ќе ти бидам благодарна што ми ги даде овие три прекрасни девојки“, напиша Мур во описот на црно-белата фотографија, на која Вилис позира со своите ќерки.

Деми Мур беше во брак со Брус Вилис од 1987 до 2000 година, а во тој период ги добија ќерките Румер (34), Скаут (31) и Талула (29). Поранешните сопружници, кои имаат пријателски однос, неодамна станаа баба и дедо, кога нивната најстара ќерка се породи со малечката Луета.

 

Покрај Мур, и сегашната сопруга напиша порака во негова чест.

 

„Денот на таткото е време кога размислувам за длабоката почит што ја имам кон Брус додека го гледам како татко на нашите деца. Она што тој ги учи, ќе трае со генерации. Безусловна љубов, добрина, сила, соочување, великодушност, отпорност“, напиша Хеминг на Инстаграм, посакувајќи му среќен Ден на таткото на својот сопруг.

Вилис и Хеминг се во брак од 2009 година, а имаат две ќерки – 11-годишна Мејбел Реј и 9-годишната Евелин Пен.

 

Како потсетување, Брус Вилис се повлече од актерството минатата година, кога му беше дијагностицирана афазија. Пред еден месец, неговото семејство соопшти дека актерот има нова дијагноза – фронтотемпорална деменција.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag