Поранешната пријателка ја прозва Меган Маркл: Тажно е тоа што модаат да го прават пред камери

popara15 август, 20231min00
Screenshot_4

Поранешна пријателка на Меган Маркл ја искритикува војвотката од Сасекс затоа што јавно ја истакнува нејзината добротворна работа и покрај тоа што претходно ја нагласи нејзината желба за приватност.

 

 

 

 

Телевизиската водителка Лизи Канди, која стана пријателка со Меган во 2013 година, рече дека „ѝ е жал„ што Меган Маркл и принцот Хари чувствуваат потреба да го документираат секое добро или хуманитарно дело што го прават.

 

„Морам да бидам искрена со Меган и Хари. Се разбира, ја познавав Меган пред да го запознае Хари. Ги ценам нивните напори со добротворната организација, но малку е тажно што мораат да го направат тоа пред камери”, изјави Канди за „Дејли стар“.

 

 

 

Според Канди, документарецот „Harry & Meghan“ е маркетиншки трик и ја повика двојката да се воздржи од снимање на секој нивни благороден гест. „Зошто го прават ова? Мислам дека, можеби, треба да прават некои добри работи без да ги документираат“, заклучи таа.

 

„Мислам дека луѓето можат да ја препознаат вистината. Сајмон Кауел секогаш ми вели: ‘Биди реален затоа што публиката може да го види тоа’“, заклучи Канди.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag