Џенифер Гарнер знае како да се облече
Џенифер Гарнер реши да излезе од својата комфорна зона непосредно пред својот 51 роденден и да ги воодушеви присутните на улиците на Њујорк.
Пред да влезе во телевизиското студио, актерката им позираше на група фотографи во тоалета во која публиката долго време не ја видела.
Носеше тесен миди фустан без рамена покриен со светки, а го искомбинира со пар црни потпетици.
Поранешната сопруга на Бен Афлек оваа пролет одлучи да ја смени фризурата, па сега носи пократок боб, кој станува се попопуларен.