Воодушевете ги вашите најблиски со малку необичен десерт
На денешниот празник се препорачува една од главните намирници во денот да биде – грозјето.
Во врска со ова, во продолжение ви пренесуваме посен рецепт за колач со грозје, кој е сè само не обичен, бидејќи ова овошје не е многу застапено во колачите.
Состојки:
- 1 шоља бело брашно
- 1 лажица прашак за пециво
- 2 шољи масло
- 4 шољи кисела вода
- 4 шољи шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- грозје
Подготовка:
Најдобро е прво во еден сад да се измешаат сувите состојки, а во друг „течните” и потоа да се соединат. Што се однесува до брашното, можете да додадете и интегрално или друго брашно по ваш избор.
Тавата во која ќе ја печете тортата подмачкајте ја со масло и набрашнете, па додадете неколку зрна грозје. Со смесата прелијте го грозјето и на крајот повторно посипете го грозјето.
Се пече на 200 степени околу 40 минути.
Откако ќе ја извадите од рерна, исечете ги на саканите парчиња и посипете со шеќер во прав.
Пријатно!