ПОСЕН КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА И ЦИМЕТ: Идеален за Бадниковата вечер, а се прави за час!

popara6 јануари, 20231min00
309521_posni-kolac-sa-jabukama_ls

Едноставна и вкусна торта со јаболка која е одлична за Божиќ, а се прави за кратко време. Повеќето состојки веќе ги имате дома, а за мерење користете чаша од 200 мл. Додека ја печете, цела куќа ќе мириса, а домашните ќе се воодушеват.

Состојки:

3 чаши рендани јаболка
1 чаша шеќер
1 чаша масло
3 чаши брашно
3 лажици кисела вода
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка цимет
шеќер во прав

Posni Kolač sa jabukama pravi se očas posla

Подготовка:

Измешајте јаболка со шеќер, па додадете масло и цимет. Измешајте сода бикарбона со кисела вода, па додадете ја во јаболката. Добро измешајте, па оставете ја смесата да отстои околу еден час. После тоа во смесата се додава брашно, се меша убаво се да се соедини. Добиената смеса истурете ја во плех подмачкан со масло, или обложете го со хартија за печење. Загрејте ја рерната на 220 степени и печете ја тортата убаво да порумени, околу 25 минути. Проверете со чепкалка дали е доволно испечена. Кога ќе се олади, исечете на коцки и по желба посипете ја со шеќер во прав пред послужување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag