После ЌЕСАТА ЗА ЃУБРЕ, Баленсијага претстави ОБЕТКИ ОД ВРВКИ: Чинат колку половина автомобил, но дали некој воопшто би ги носел?

popara16 јануари, 20231min00
44205_nenaslovljeni-dizajn-1_f

Balenciaga е бренд кој е познат по контроверзните парчиња кои во исто време се и скапи.

Пред тоа го привлекуваа вниманието со црна кеса која личи на кеса за ѓубре и патики кои изгледаат целосно уништени, а сега направија обетки од црни врвки со бели детали кои се врзани во машна. Имаат и метален продолжеток на кој е втиснато името на скапата марка.

Описот на производот е смешен, пишуваат странските медиуми. Баленсијага тврди дека нивните „обетки од врвки се направени од тантела, што ја истакнува способноста на креативниот директор Демно Гвасалија да вградува секојдневни предмети во колекциите на накит на куќата“.

Како и досега, Баленсијага предизвика негативни коментари на социјалните мрежи за некои други нивни парчиња.

Корисниците на Твитер се шегуваа со нив и се прашуваа што ќе смислат следно.

„Алати како прстен?“ се прашуваше еден твитерџија.

„Се повеќе ми докажува дека глупостите се продаваат“, вели друг.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma