Ако не сте направиле темелно чистење на куќата неодамна, сега е вистинското време да го направите тоа и време е да се ослободите од овие кујнски елементи:
Исечени или испукани садови
Таквите садови може да бидат небезбедни за употреба, бидејќи можете да се исечете на скршените рабови кога ги миете садовите, или рачката на чашата може целосно да падне додека ја користите. Затоа ослободете се од ваквите садови и користете само неоштетени. Се верува дека предизвикуваат кавга.
Мали парчиња алуминиумска фолија
Дали чувате мали парчиња алуминиумска фолија мислејќи дека ќе ви требаат? Верувајте, никогаш нема да бидат доволно големи за каква било намена, затоа слободно фрлете ги.
‘Рѓосани калапи за мафини
Во калапи каде што се појавила ‘рѓа, вашите мафини нема да се испечат добро и може да имаат застоен и изгорен вкус.
Стари тапи за шишиња
Разбирливо е да се чуваат тапи со посебно значење, како што се шампањски или тапи од свадбено вино. Сепак, размислете дали навистина повторно ќе ги употребите сите тие тапи? Тие само зафаќаат простор и создаваат неред.
Поцрнет дрвен кујнски прибор
Ако вашата дрвена лажица, сукало или друг дрвен прибор е изгорен или мувлосан, време е да вложите малку пари во чист, квалитетен дрвен прибор. Се верува дека носи финансиска нестабилност.