Состојки:
1 кромид
2 чешниња лук
3 компири
500 гр спанаќ
1 морков
1 корен магдонос
1 пашканат
1/2 китка магдонос
сол, бибер
Подготовка:
Исчистете го и исечкајте го зеленчукот. Додадете во тавата. Истурете вода за да го потопи зеленчукот и варете околу половина час. Потоа со миксер со стапче изблендирајте го сварениот зеленчук и додадете уште малку вода и зачини.