Кратката попладневна дремка се поврзува со поголема ментална агилност, покажува ново истражување. Луѓето што спијат попладне подобро се изразуваат и имаат подобра работна меморија.
Во истражувањето се работело со 2.214 испитаници на возраст над 60 години во Кина. Испитаниците што спиеле попладне го правеле тоа во различен временски период и со различно времетраење, но сите имале подобри резултати на когнитивните тестови во споредба со оние што не спиеле во текот на денот.
Истражувачите велат дека е важно и дали спиењето е намерно или не, а во неговата ефикасност може да игра улога и траењето, но овие фактори не се мереле во истражувањето.
Претходни истражувања ја анализирале поврзаноста помеѓу спиењето и имунолошкиот систем и покажале дека првото може позитивно да влијае врз второто. Меѓутоа, треба да се запомни дека здравјето и благосостојбата не се одредуваат само од еден фактор.
Сепак, во новото истражување пишува дека попладневното спиење може да помогне во регулирањето на одговорот на телото при воспаление.
Во истражувањето 1.534 од испитаниците изјавиле дека спијат попладне барем понекогаш, додека 680 изјавиле дека никогаш не го прават тоа.