Дали некогаш сте замислиле дека со многу мали промени во начинот на нанесување на сенката, моливот или хајлајтерот, но дури и со користење на одредени нијанси на сенка, ќе видите огромна разлика во вашите очи? И не мислиме само на нивната големина или форма, туку и ефектот на лифтинг што можете лесно да го создадете со само една нијанса – и одредена техника на шминкање. Тоа е ефект кој, пак, може да го „промени“ целото ваше лице и да направи да изгледате помлади и поодморени за миг.
Не е толку тешко како што звучи: ќе ви треба само четка за сенки за очи под агол и кафеава сенка или кафеав молив. Можете да користите и течен ајлајнер доколку сакате, само сенката се претпочита за помек и помалку задебелен ефект.
Совет: Кафеавата боја се претпочита од црната бидејќи е помалку интензивна и помека, а суптилно се истакнува и им ласка на сите тонови на кожата.
Упатство: За да создадете ефект на кревање на вашите очи, правејќи ги подигнати и бадемовидни, контурирајте ги со сенка и четка, откако прво ќе ги навлажнете со малку вода или со спреј за фиксирање. Нацртајте ја линијата нагоре кон веѓите наместо во права линија и тапкајте ја со прстот. Обидете се да ја направите линијата што е можно потенка и фина.
По желба, комплетирајте со светли сенки на очните капаци користејќи беж и светкави сенки.
@militza.yovanka Instant eye lift using this makeup technique! #cateye #makeuphack #foxeyes