Фронтменот на рок групата „Foo Fighters“ и поранешниот тапанар на Нирвана, Дејв Грол подготвувал храна за бездомниците дури 16 часа.
Tој за време на оваа акција спиел на паркингот, а и покрај огромното невреме не се откажал од подготовката на оброците.
Како што пренесува TMZ, тој соработувал со организацијата „The Hope Mission“, па оваа недела зготвил ребра, свински бут, гради, зелка и грашок, а сите трошоци сам ги покривал.
На интернет кружи фотографија на која се гледа како пејачoт подготвува порции за над 500 луѓе кои живеат во засолништа.
Неговата постапка е за восхит, а во коментарите доби многу пофалби.