Чипка потекнува од древниот Египет
Чипката била позната во древниот Египет и меѓу луѓето кои го населувале денешното Перу, но само како завршеток на некој материјал. Била направена од лен, памук, свила, волна, сребрени и златни нишки, како и влакна од разни видови кактуси вткаени во мрежа, без подлога.
Долго време беше симбол на престиж и богатство. Чипката се разликува според начинот на кој е сошиена. Како независен предмет на облека, чипката се прави уште од 16 век. Во 18 век, центри за производство на чипка биле Брисел, Венеција и Мехелен.