Десерт за чија подготовка не е потребно печење
Има ли подобра комбинација од чоколадо и бисквити? На крцкавите и кремасти залаци никој не може да им одолее, а овој деликатес ќе го правите одново и одново.
Овој десерт е готов за 10 минути, а одличен е за речиси секоја пригода – без разлика дали чекате гости или сакате да се засладите.
Состојки:
300 грама бисквити
300 грама путер од кикирики
200 грама чоколадо
Подготовка:
- Бисквитите смелете ги во блендер, а потоа измешајте ги со путерот од кикирики. Добиената смеса рачно обликувајте ја во штангли.
- Наредете ги во тава обложена со хартија за печење, а кога ќе завршите, покријте ги со проѕирна фолија и ставете во замрзнувач 5 минути.
- Во меѓувреме растопете ја чоколадата на пареа, па потопете ги колачињата. Наредете ги на хартија за печење, а потоа ставете ги во фрижидер.
Уживајте!