Преку различни аспекти на грижата за сопствената благосостојба, ние всушност ги одврзуваме сите оние јазли што ги врзало нашето амбициозно и постојано активно его.
Вклучете барем некои од овие совети и предлози во вашата дневна рутина и разоткријте ги сите тензии и неизвесности.
Прегратка
Додека се гушкаме, нашето тело лачи окситоцин, хормонот на љубовта, кој е одговорен за чувството на поврзаност и влијае на нашите добри односи. Овој хормон го намалува нивото на стрес и анксиозност. За да ги искусите вистинските придобивки од прегратката, останете во прегратка со саканата личност, дете или пријател најмалку седум секунди.
Помалку е повеќе
Навикнати сме да бидеме опкружени со уреди и работи кои го олеснуваат животот и комуникацијата. Многумина од нас веќе чувствуваат дека пропуштаме нешто ако не сме до компјутер или телефон. Сепак, не ни недостасува. Животот е токму во нас и околу нас. Одвојте барем еден час дневно во кој нема да проверувате е-пошта, социјалните мрежи или ТВ.
Внимавајте што и како јадете
Храната не е тука само за да не одржува во живот. Таа навистина прави да се чувствуваме подобро. Внесете во вашата исхрана храна која го поттикнува лачењето на серотонин: банани, ананас, киви, сливи, спанаќ и ореви. Сите овие намирници позитивно влијаат на мозокот. Покрај тоа што е важно што јадете, не заборавајте дека е важно и како јадете. Барем за еден оброк дневно создадете простор и атмосфера навистина свесно да уживате во оброкот. Џвакајте полека, обидете се да ги почувствувате сите нијанси на вкусот и мирисот на храната, како и текстурата. Заблагодарете се на храната што ја јадете и на себе си што се грижите за вашето здравје и благосостојба.
Прошетка
Ако се чувствувате како овој ден да ве прегазил и не можеше да помине полошо, дајте си малку здив со прошетка. Дури и кратка прошетка може да ве расположи и да ви помогне да ја смирите вревата во вашата глава. Секако, не заборавајте дека пешачењето ќе го стимулира ослободувањето на ендорфините, нашите невротрансмитери на среќата. Прошетките се препорачуваат и кога ќе заглавите во некаков креативен блок. Направете пауза, излезете надвор и исчистете ја главата.