ДАМИТЕ често се соочуваат со проблеми предизвикани од косата и нејзиниот корен.
Поради споменатиот проблем, во текстот ќе најдете решение, односно серум против опаѓање кој промовира побрз раст и волумен на косата. Бидејќи една од состојките е масло, може да делува како да е малку мрсна и ќе можете да го нанесувате само навечер.
Серумот е целосно природен и нема несакани реакции:
Состојки:
250 мл дестилирана вода
3 супени лажици листови од коприва
10 капки рицинусово масло
10 капки масло од семки од тиква
2 лажици алое вера
Подготовка:
Прво ставете ја водата да зоврие, а потоа потопете ги листовите од коприва и оставете ја водата да се излади. Потоа процедете го чајот. Во него ставете рицинусово масло, масло од семки од тиква и алое. Добро измешајте, особено за добро да се соедини алоето.
Пожелно е течноста да се стави во шише со распрскувач и секогаш прскајте за ефектот да биде подобар.