Дали сте гладни и не знаете што да јадете? Тогаш може да подготвите похуван сендвич со тиквички.
Состојки:
3 тиквички
150 гр шунка
150 гр тврд кашкавал
2 јајца
брашно
презла
Подготовка:
Тиквичките исечкајте ги на кришки по должина, па секоја преполовете ја. Посолете ги и оставете ги малку да се исцедат, а потоа добро исушете ги со крпа.
Потоа на едната половина од тиквичките ставете шунка и кашкавал и покријте со другата половина. Извалкајте ги во брашно, па во изматени јајца, па во презла. Пржете на врело масло.
Пријатно!