Почина Анџело Брускини, гитаристот на Massive Attack

popara25 октомври, 20231min00
massive-attack-andjelo-bruskini-0205566458-830x0

Почина гитаристот на Massive Attack, Анџело Брускини, кој имаше рак на белите дробови, потврдија од бендот.

Почит му оддадоа на музичарот неговите колеги од бендот, семејството и пријателите.

„Исклучително брилијантен и ексцентричен талент. Невозможно е да се измери вашиот придонес во канонот Massive Attack. Колку сме среќни што споделивме таков живот заедно“, рече бендот на платформата X, односно на поранешниот Твитер.

Анџело Брускини е роден во Бристол, а се приклучил на групата во деведесеттите години на минатиот век.

Покрај настапите со неколку бендови, во 1997 година Брускини го продуцираше истоимениот албум на алтернативната рок група Strangelove. Тој, исто така, свиреше гитара за Џејн Тејлор на “Blowing This Candle Out”, објавена во 2005 година.

Во јавна објава на социјалните мрежи во јули, Брускини напиша дека му бил дијагностициран рак на белите дробови и дека неколку специјалисти му посакале среќа, пишува Би-би-си.

„Имав одличен живот, го видов светот многу пати, запознав многу прекрасни луѓе, но вратата се затвора, мислам дека ќе напишам книга“, рече еднаш Брускини.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma