Француските медиуми јавуваат дека славната Џејн Биркин починала денес во оваа земја, каде што живеела и работела со години.
Се уште не е познато што ја предизвикало смртта на познатата уметница и каде починала, како и дали со неа биле нејзините роднини.
Прославената уметница е најпозната по песната Je t’aime… moi non plus, која ја отпеа во дует со Серж Гејнсбур, нејзиниот долгогодишен партнер.
Зад себе има десетици улоги и 14 студиски албуми, а по неа е именувана и познатата чанта Хермес.