Младиот актер од популарната серија Еуфорија, Ангус Клауд, почина на 25-годишна возраст.
Актерот наводно починал во својот дом во Оукленд.
– Со голема болка моравме да се збогуваме со овој неверојатен човек. Ангус беше посебен по многу нешта, како уметник, како пријател, брат и син – се вели во соопштението на семејството.
We are incredibly saddened to learn of the passing of Angus Cloud. He was immensely talented and a beloved part of the HBO and Euphoria family. We extend our deepest condolences to his friends and family during this difficult time. pic.twitter.com/PLqkz5Rshc
— euphoria (@euphoriaHBO) July 31, 2023
– Минатата недела го погреба својот татко и тешко се бореше со таа загуба. Единствената утеха што ја имаме е што знаеме дека Ангус сега е повторно обединет со него. Неговиот татко беше негов најдобар пријател. Ангус се бореше со менталното здравје и се надеваме дека неговата смрт ќе биде потсетник за другите дека не се сами и дека не треба да се борат со тоа во тишина – се вели и во соопштението на семејството.
Сè уште не е позната точната причина за смртта, но, според TMZ, според зборовите на семејството може да се претпостави дека причината била тоа што Клауд тешко се справувал со загубата на татко му и со психичките проблеми.
Euphoria’s Javon Walton pays tribute to Angus Cloud:
“forever family ♥🕊” pic.twitter.com/vOqWKyypau
— Pop Base (@PopBase) July 31, 2023
Во мега популарната серија „Еуфорија“ го играше шармантниот лик Феско, од 2019 до 2022 година.
Како што неодамна се откри, третата сезона на Euphoria треба да се емитува во 2026 година, но за жал, во неа нема да го видиме Ангус.