Британскиот режисер Теренс Дејвис почина денеска на 77-годишна возраст, пишува „Дејли мејл“. Веста за неговата смрт беше потврдена и на неговиот Инстаграм.
Неговото семејство напиша дека Теренс Дејвис починал мирно дома по кратко боледување. Тој е познат по The House of Mirth”, “Distant Voices”, “Still Lives”, “The Long Day Closes” и многу други.
Теренс Дејвис е роден во Кенсингтон на 10 ноември 1945 година, како најмладиот од десетте деца на строги родители од работничката класа кои ги воспитувале децата како католици. Иако неговата длабоко религиозна мајка го воспитала како католик, на дваесет и две години тој ја отфрлил религијата и се сметал себеси за атеист.
View this post on Instagram
Откако го напуштил училиштето на шеснаесет години, Дејвис работел како канцелариски службеник како неквалификуван сметководител десет години, пред да го напушти Ливерпул за да присуствува на Драмската школа во Ковентри.
Додека студирал, го напишал сценариото за она што станало негов прв автобиографски краток филм, а останатото е историја.