Тапанарот и ко-основач на легендарниот бенд Modest Mouse, Џеремаја Грин, почина во саботата по долга борба со ракот.
Грин имаше 45 години.
Во соопштението објавено од бендот се вели дека Грин починал во сон.
– Не знам како да го олеснам ова, денес го загубивме нашиот драг пријател, Џеремаја – објави бендот на Фејсбук.
– Сега би сакал да кажам многу убави зборови, но едноставно не е време. Ова ќе дојде подоцна, и од многу луѓе. Ве молиме ценете ја љубовта што ја давате, примате, сте дале и ќе ја добиете. Над сите. Ве сакаме – стои во нивното соопштение.
На Грин неодамна му беше дијагностициран рак во стадиум 4, откри неговата мајка Керол Наматаме на Божиќ, пишува New York Post.
Да потсетиме, Грин го основа Modest Mouse заедно со пејачот Исак Брок и басистот Ерик Џуди во 1992 година. Со Modest Mouse настапуваше до 2003 година, кога реши да го напушти бендот. Паузата на Грин траеше само една година и тој повторно им се придружи на своите колеги од бендот во 2004 година.