Освежителен и здрав, овој пудинг ќе ве воодушеви со својот вкус, но и ќе ве хидрира и наполни со енергија
Состојки:
4 лажички чиа семе
1 шолја бадемово млеко
неколку капки екстракт од ванила
мешавина од неколку свежи бобинки
За смути со боровинки/Акаи бобинки (по избор):
1 лажичка акаи бобинки во прав, 1 чаша свежи јагоди, 1 зрела банана, 1 лажичка путер од бадем, 2 лажици кокосово брашно, 3-4 листови свежо нане, 1/4 шолја бадемово млеко, по желба: 2 лажици мед
Подготовка:
Во средна чинија измешајте ги чиа семето, бадемовото млеко и ванилата и оставете ги да отстојат 15 минути за да се дозволи чиа семето да го впие млекото. Ставете ги сите состојки за смутито од боровинки/акаи бобинки во блендер и измешајте додека не се изедначи. Изгмечете ја мешавината од свежи бобинки по ваш избор со вилушка.
Земете една тегла и најпрвин ставете го испасираното овошје на дното, а потоа прелијте го со пудингот со чиа. Прелијте го чиа пудингот со смутито од боровинки/акаи бобинки.
Декорирајте по желба и вашиот хранлив оброк е подготвен да го земете и јадете во движење или на работа.
Пријатно!