Војводата и војвотката од Сасекс наводно треба да го раскажат своето искуство од живеењето во палата за нов филм за кралскиот живот, пренесува „Мирор“.
Меган Маркл и принцот Хари наводно планираат нов долгометражен филм кој ќе се фокусира на нивното искуство од живеењето во палатата. Се наведува дека парот е во преговори со продуцентската куќа која го снимила и нивниот документарен филм „Хари и Меган“.
– Има многу нијанси од нивната приказна за кои сметаат дека сè уште недостасуваат по документарецот и книгата на Хари – изјавил извор за магазинот „Closer“.
Изворот рекол дека Хари сепак сака уште малку да размисли за понудата бидејќи сепак во прашање е неговото семејство.
-Несомнено е дека за тоа би земале убава плата, што е многу примамливо. Меган навистина се залага за тоа, додека Хари сака да се однесува повнимателно – рекол изворот, пишува „Мирор“.
Ова доаѓа откако војводата и војвотката објавија изјава минатата недела во која велат дека биле вклучени во, како што велат, „речиси катастрофална потера со автомобили“ во која биле вклучени нивното такси и американските папараци.