По неколку месеци љубов: Се верија ѕвездата од серијата „White Lotus“ и славниот фризер

popara8 април, 20231min00
o_28626597_1280

Младиот американски актер Лукас Гејџ, кој славата ја стекна со улогите во сериите „Euphoria“ и „White Lotus“, ја пронајде љубовта на својот живот. Станува збор за Крис Еплтон, познат фризер со британски корени кој меѓу другите се грижи за косата и изгледот на Ким Кардашијан и Џенифер Лопез. Дека се заедно открија минатиот месец кога за прв пат се појавија како пар на Денот на жената на забавата Vanity Fair на американскиот магазин. Десет дена после тоа, тие се појавија на наградите Fashion Trust US. Пријателите на Лукас потврдија дека парот е заедно неколку месеци, а откриено е дека веќе се свршени.

image

Извор близок до парот за американските медиуми изјавил: „Нивните пријатели се малку шокирани бидејќи сè се случи многу брзо, од познанство до свршувачка. Но, сите се среќни за нивната врска. Крис долго време бара сродна душа и очигледно ја нашол“.

Парот дури неодамна ја откри својата романса и сега без двоумење споделува заеднички фотографии на социјалните мрежи. За време на неодамнешното појавување на шоуто Дру Баримор, Крис Еплтон ја потврди нивната врска. Имено, тој на почетокот на март ја посетил актерката за да ги открие тајните на негуваната коса на неговите ѕвезди, па ѝ рекол дека има одлична формула две во едно – за убава коса и добро либидо. На ова Баримор го праша – “Крис, знаеш дека имам проблеми со моето либидо, и како ти е либидото во последно време? Има ли некој посебен во твојот живот?”.

image

А насмеаниот Еплтон прво дискретно ѝ одговорил: „Всушност сум многу добро“, а потоа се отворил и пред камерите признал дека има некој посебен во неговиот живот без да открие кој е тоа. „Всушност, јас сум многу среќен и многу заљубен. Се чувствувам многу благодарен што можам да споделам време со некој многу посебен. Љубовта е навистина убава, а средбата со некој со кој можете да се поврзете е посебна и драгоцена работа во животот“.

image

Само неколку дена пред Еплтон, 27-годишниот актер зборуваше за својата среќа во љубовта гостувајќи во ТВ шоуто „Today Show“.

„Кога најмалку очекуваш, ќе ја најдеш совршената личност. Бев сингл долго време и мислев дека тоа никогаш нема да ми се случи. Но, ете. Јас сум многу среќен и заљубен. Тој е многу убав маж, паѓам на британскиот шарм и не можев да се воздржам”, изјави за својата нова љубов, иако тогаш не го спомна името.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma