По стариот рецепт на нашите баби: Избелете ги кујнските крпи без машина за перење

popara11 јануари, 20231min00
krpe

Во само неколку чекори, крпите ќе добри како нови

Дури и по неколку употреби, кујнските крпи ја губат својата белина и колку и да се трудите, некои дамки едноставно тешко се отстрануваат. За среќа, постои рецепт од нашите баби кој ги отстранува сите нечистотии.

Што ви е потребно:

Едно големо тенџере од 10 литри полно со вода

Две лажици масло за јадење

Пет лажици избелувач за алишта

Една чаша прашок за перење

Две лажици прашок за пециво

Постапка:

Прво загрејте ја водата во тенџерето да зоврие, а потоа исклучете го шпоретот. Измешајте ги сите состојки, истурете ги во водата и ставете ги крпите. Покријте го садот и оставете ја водата да се излади. Потоа извадете ги крпите, малку истријте ги и исплакнете.

Можете да ги потопите и во леген со чиста вода во која сте раствориле две лажици сода бикарбона и оставете ги неколку часа. Резултатите сигурно ќе ве воодушеват!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag