По тајната венчавка, актерката успеа да ја сокрие и бременоста: Ешли Олсен стана мајка на едно момче

popara16 август, 20231min00
Screenshot_7

Една од познатите близначки Олсен, актерката и дизајнерка Ешли (37) стана мајка, а првото дете го доби со сопругот Луис Ајснер. Таа ја криеше бременоста, а пред неколку месеци се породи во Њујорк, како што пишува „Ти-ем-зи“.

 

 

 

 

„Ешли пред неколку месеци во Њујорк го роди синот Ото. Таа и нејзиниот сопруг се пресреќни“, изјавил извор близок до парот.

 

Покрај тајната бременост, дизајнерката и поранешна актерка, минатата година тајно се омажи за Луис.

 

Двојката се венчала на крајот на декември, минатата година на приватна церемонија во дом во Бел-Ер. На свадбата имало околу 50 гости. Меѓу гостите, била и сестрата близначка Мери-Кејт Олсен (37), која пак минатата година се разведе од францускиот банкар Оливер Саркози.

 

 

Инаку, сестрите Олсен се најпознати по улогата на Мишел Танер во серијата „Полна куќа“, а по актерската кариера постигнаа голем успех во модниот свет и станаа сопственици на луксузен бренд. Тие во последниве години не се појавуваат многу често во јавноста.

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma