Минатата година за модните шокови беше задолжена модната куќа „Balenciaga“, а сега таа улога ја презеде парискиот гигант „Yves Saint Laurent“.
Чантата од нивната нова колекција неодоливо потсетува на пакет со храна од ресторанот Мекдоналдс, па на социјалните мрежи веќе и го дадоа името „happy meal“.
Креаторите на чантата дури и го дадоа името „takeaway box bag“ отворено алудирајќи на сличноста со картонските кутии од „McDonalds“.
Оваа нова креација на „YSL“ се продава во камел и црна боја за 1.890 долари!
Изработена од телешка кожа со врежани препознатливи иницијали „YSL“во сребрена или златна боја, има внатрешен џеб и облога од антилоп.
„Takeaway Box Bag“ е претставена како дел од машката колекција пролет-лето 2023 година на Ентони Вакарело.