Правила за нега и шминкање на Кејт Мидлтон: Еве што никогаш не користи

popara26 декември, 20231min00
fd4bd49a2eeffd7f8ed6c0f414b23f41a07e0cae

Кејт Мидлтон на секое појавување изгледа беспрекорно. Долго време е навикната на сето тоа, што може слободно да кажеме дека станала вистински професионалец за некои работи, особено кога станува збор за убавиот изглед.

Нејзината облека е секогаш беспрекорна, косата „под конец“, а кожата блескава. Затоа многу жени ги интересира како убавата британска принцеза се грижи за себе и како секој пат постигнува совршен изглед.

Еве неколку правила за добар изглед од кои Кејт Мидлтон никогаш не се откажува.

1. Негувана кожа

За гламурозниот сјај на кожата не е потребна само добра шминка, туку првенствено добро негувана кожа. Само кога основата е добра, козметичките производи можат да ги прикријат несовршеностите. Гласините велат дека Кејт користи само производи на база на кислород, како и органски производи кои ја хидрираат кожата и ги измазнуваат фините линии.

2. Суптилен кармин

Кралскиот протокол, меѓу другото, наложува забрана за светли бои кога е во прашање шминката, па затоа првиот избор на принцезата е дискретен сјај за усни.

3. Невидливо руменило

Убавата Кејт никогаш не ја користи популарната техника за контурирање, туку користи руменило за суптилно да нагласи делови од лицето. Принцезата користи нијанса на пудра која одлично се вклопува со нејзиниот тен, а избира проверени производи кои не оставаат траги на лицето, не се собираат во порите, туку совршено се прилепуваат на нејзината совршена кожа. За вашето лице да изгледа како да немате пудра, потребно е редовно да правите пилинг и да ги отстранувате мртвите клетки од кожата, бидејќи пудрите ги нагласуваат.

4. Природна шминка за очи

Никогаш не сме ја виделе Кејт Мидлтон, ниту пак ќе ја видиме со вештачки трепки. Убавината на очите ја истакнува со ајлајнер и совршената форма на веѓите на кои посветува големо внимание.

5. Дискретни нокти

И овде Кејт се придржува до строгиот кралски протокол, па нејзините раце ги красат кратки, совршено обликувани нокти, чија убавина дополнително ја истакнуваат дискретните млечно бели или проѕирни лакови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag