Ново истражување покажа дека при водење љубов не е важна само кулминацијата, туку и воведот, како и расплетот на приказната.
Имено, повеќето луѓе признале дека копнеат по малку акција пред и после водењето љубов, а постои магична бројка за максимално задоволство – шест.
Станува збор за таканареченото „правило на шест минути“, според истражувањето нарачано од странски компании за секс и образование.
Ова истражување опфатило 1.500 Канаѓани на возраст од 18 до 24 години и открило дека оние кои потрошиле шест или повеќе минути на предигра, односно допирање, бакнување и гушкање пред да водат љубов, биле многу позадоволни од својот сексуален живот.
Но, интересно е што уште повеќе испитаници (56% од мажите и 55% од жените) биле позадоволни ако поминале исто време во гушкање после водењето љубов.
– Често забораваме на можноста која доаѓа од поврзувањето после секс. Ранливи сме, се чувствуваме опуштено, се чувствуваме навистина поврзано, така што ова е совршено време за интимност што може да доведе до повеќе сексуално задоволство – објасни Робин Милхаузен, професор по сексуалност.
Иако и мажите признале дека се позадоволни доколку се придржуваат до правилото од шест минути, студијата покажала дека и без тоа ќе постигнат оргазам, додека мнозинството жени (61 процент) нема.
– Овие податоци покажуваат дека луѓето треба да чувствуваат дека нивното тело се почитува, особено после секс и дека постои взаемно пријатно искуство и за двајцата – истакнува Интија Лојст, сексуална едукаторка.
Затоа експертите се согласуваат дека се исплати да се продолжи сексуалното задоволство за минимум шест минути на почетокот и шест минути на крајот бидејќи тоа може да резултира со поголемо задоволство, без разлика колку долго сте во врска со партнерот.