Најдобра музика од видеоигра и други интерактивни медуми е новата категорија на престижните музички награди Греми, кои ќе се доделуваат утревечер.
Со оваа категорија се признава успехот на сѐ поголемата популарност на индустријата за видеоигри и трудот на композиторите на музиката за игрите.
Од листата на 70 пријавени, за најдoбра музика ќе се натпреваруваат пет номинирани композиции, од игри како „Асасинс крид“ и „Кол оф дјути“.
Успехот на музиката за видеоигри со совпаѓа со севкупниот раст на глобалниот пазар на игри, кој во 2022 имаше вкупни приходи од 184,4 милијарди долари и се очекува да достигне приход од 211,2 милијарди долари до 2025.