Инфанта Марија Франциско од Браганца, трета по ред за наследување на португалската круна, на 7 октомври му го кажа судбоносното „да“ на својот избраник, адвокатот Дуарте де Соуса Араухо Мартинс, пренесува Tatler. Во базиликата и палатата Мафра беше организирана раскошна церемонија – последната кралска венчавка во Португалија се одржа кога родителите на Марија, војводата и војвотката од Браганца, се венчаа во 1995 година.
Марија пристигна во базиликата со нејзиниот татко во кочија, а до олтарот прошета во едноставен фустан во А линија, кој имаше три четвртини ракави украсени со монистра на манжетните.
Таа го спои својот ансамбл со дијамантската тијара на кралицата Амелија, која ѝ припаѓаше на последната португалска кралица и која мајката на невестата ја носеше на денот на нејзината венчавка, пренесува весникот.
View this post on Instagram
На церемонијата присуствувале 1.200 гости, а меѓу присутните беа претседателот на Португалија Марсело Ребело де Соуса, принцот Лудвиг и принцезата Софија од Баварија, принцезата Миријам ал Гази од Јордан, принцот Себастијан од Луксембург, принцот Филип и принцезата Изабел од Лихтенштајн и многу други.
Откако Марија и Дуарте си ги размениле заветите, прославата ја продолжиле на дочекот во палатата Мафра. Подоцна во текот на денот, невестата и младоженецот приредија вечерен прием во домот на родителите на невестата во Сао Педро де Синтра, Лисабон, пишува Tatler. За овој дел од церемонијата, Марија се пресоблекла во бел фустан со јака кој наликува на оној што Меган Маркл го носеше на нејзината свадба во 2018 година.
Марија го украси својот аутфит со додаток за коса од смарагд и дијамант и пар соодветни обетки.
View this post on Instagram