Прва фотографија: Лејди Гага откри како ќе изгледа како Харли Квин во вториот дел на „Џокер“

popara15 февруари, 20231min00
1649059381128-tan2022-4-4210566093-830x0

Нејзин партнер ќе биде Хоакин Фикинс, кој го толкува ликот на Џокерот

Вториот дел од филмот „Џокер“, кој се вика „Joker: Folie à Deux“ во режија на Тод Филипс, веќе се снима, а премиерно ќе биде прикажан на 24-ти октомври 2024 година.

Покрај Хоакин Феникс, кој ќе ја репризира улогата на Џокер, глуми и Лејди Гага, која ќе ја толкува улогата на Харли Квин.

Пејачката и актерка на своите сметки на социјалните мрежи објави како ќе изгледа во продолжението на „Џокер“.

На оваа фотографија таа е заедно со својот колега Хоакин Феникс.

„Лудост во пар“, напиша Лејди Гага.

Да се потсетиме, првиот дел од филмот „Џокер“ заработи повеќе од една милијарда долари на светските благајни. Таа година беше шести на листата на филмови со најголема заработка, а победи и на филмскиот фестивал во Венеција. Филмот имаше 11 номинации за Оскар, а покрај Финикс, наградата на Американската филмска академија за оригинална музика ја доби и Хилдур Гунадотир.

Она што е особено интересно е што продолжението на „Џокер“ ќе биде мјузикл. Во првиот филм е позната сцената во која Артур односно Џокерот танцува, сега ќе танцува уште повеќе додека Лејди Гага која ќе ја глуми Харли Квин во продолжението ќе пее.

Погледнете ја фотографијата која Лејди Гага ја објави:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma