Како што е познато, снимањето на продолжението на Џокер кое ќе го носи името „Joker: Folie à Deux“, е во тек. Во оваа продукција Лејди Гага ќе ја толкува и улогата на Харли Квин, која е соработник на Џокерот.
Во јавноста се појавија нејзините први фотографии од снимањето во Њујорк. Лејди Гага, како и Харли Квин, е опкружена со полицајци, додека пред нив има луѓе кои држат транспарент „Ослободете го Џокер“, пишува Yahoo.
Ликот на Џокерот, како и во првиот дел, го толкува Хоакин Феникс, а неодамна во јавноста се појавија негови фотографии од сетот.
Филмот е во режија на Тод Филипс, а ќе биде снимен како мјузикл. Според странските медиуми, премиерата е закажана за октомври 2024 година.