Првите фотографии од последната сезона на „The Crown“: Вака изгледаат Кејт и Вилијам на почетокот на врската

popara8 мај, 20231min00
1985624

Со цел да ги привлече гледачите, кои со нетрпение ја очекуваат шестата и последна сезона на хит серијата „The Crown“, Нетфликс објави неколку фотографии од сетот, на кои се прикажани актерите кои ги глумеа младиот принц Вилијам и Кејт Мидлтон.

Првите објавени фотографии на кои Вилијам и Кејт се држат за рака даваат навестување дека оваа сезона ќе ги следи почетоците на нивната врска и времето кога биле студенти на Универзитетот Сент Ендрјус во Шкотска. Покрај тоа, објавена е фотографија од Кејт (Мег Белами) како седи во училницата и го гледа Вилијам, а фотографијата на принцот Вилијам (Ед Меквеј) како седи на софа пред слики во рамка.

Токму поради овие фотографии се шпекулира дека Кејт и Вилијам ќе бидат центарот на шестата и последна сезона од серијата на Нетфликс. И додека принцот Вилијам веќе се појави во претходните епизоди, Кејт се појавува за прв пат во „Круната“. Вилијам го глумеше Ед Меквеј, а Кејт Мег Белами.

Кога точно ќе пристигне шестата сезона на Нетфликс сè уште не е познато, но дали ќе се следи истата шема како и претходните сезони, тоа веројатно ќе биде во ноември 2023 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma