Први симптоми кои укажуваат на тромб: Овие промени на телото не смеете да ги игнорирате

popara10 јануари, 20231min00
Screenshot_12

Крвните згрутчувања или тромб можат да бидат исклучително опасни по живот, од крвните патишта се шират низ целото тело и можат да го нападнат срцето, мозокот и другите органи, па да доведат до фатален исход.

 

 

 

Кога крвните згрутчувања ќе ги затнат артериите, мозокот, срцето и белите дробови престануваат да добиваат кислород и како последица на тоа настанува срцев или мозочен удар.

 

Иако во повеќето случаи може да се спречи, тромбот претставува сериозен проблем во јавното здравје кој убива стотици илјади возрасни секоја година.

 

Овие симптоми се знак дека е време да посетите лекар:

Кога тромбот се формира во рацете и нозете, длабоко под кожата, тоа се нарекува венска тромбоза. Тоа е опасно затоа што згрутчувањето може да патува од срцето до белите дробови. До длабока венска тромбоза може да се стигне ако долго не сте се движеле.

 

Ова се симптоми за аларм:

Отекување: Тоа може да се случи на истото место каде згрутчувањето се развило или на целата нога или рака.

 

Промена на бојата: Може да забележите дали рацете или нозете ви добиваат црвена или сина боја.

 

Болка: Како што состојбата се влошува, така ќе почувствувате поголема болка. Чувството може да се движи од тапа болкаа до интензивна.

 

Тешко дишете: Ако ова се случи, тогаш тоа може да значи дека згрутчувањето се преместило од рацете или нозете до белите дробови. Може да се појави и силна кашлица или крв при кашлањето.

 

Грчеви во долниот дел од нозете: Ова чувство се појавува доколку згрутчувањето се наоѓа во ногата.

 

Кога крвното згрутчување ќе се најде во близина на срцето, тогаш се појавуваат следните симптоми:

  • Силна болка во рацете и прстите;
  • Потење;
  • Тешкотии при дишење;
  • Тешкотии со дишење и потење се појавуваат кога тромбот се наоѓа во близина на белите дробови, што се нарекува белодробна емболија.
  • Кашлица;
  • Вртоглавица.

 

За жал, крвните згрутчувања можат да стигнат и до мозокот и да предизвикаат мозочен удар. Внимавајте на овие симптоми:

 

  • Тешкотии со видот и говорот;
  • Слабост.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag