Прво го маѓепса, па го утеши по разводот? Се шушка дека Хју Џекмен има нова љубов познатата холивудска убавица

popara15 декември, 20234min00
Хју Џекмен

Холивудскиот заводник се уште не се развел,а се шпекулира дека на повидок е нова љубов и тоа со мажена жена.

Филмскиот суперхерој Хју Џекмен неодамна се појави во јавноста откако се шпекулираше дека се разведува од својата долгогодишна сопруга Деби Ли Фурнес.

Нивниот случај за развод е сè уште во тек,а Џекмен изгледа нема трпение да чека да се реши,наместо тоа да продолжи да го живее животот како што му одговара.

Неодамна го поврзуваа со неколку холивудски убавици,но ниту една од нив не е потврдена од романтичниот Хју во јавноста. Меѓутоа,сега повторно се шпекулира за неговата врска со многу помладата колешка Сатон Фостер.

А можеби и не би било толку чудно доколку таа не е мажена и нема маж.

– Нивната романса е јавна тајна на Бродвеј – вели извор близок на актерот, кој вели дека Хју и Сатон се зближиле кога работеле на мјузиклот „Музичарот“.Се се одвиваше во текот на годината на која и се ближи крајот, па оттука и шпекулациите дека токму таа го тешела актерот кога решил дефинитивно да стави точка на бракот.

Друг извор вели дека Џекмен е опседнат со Сатон од моментот кога ја запознал.Тој наведува дека ја следел насекаде,како заљубено кученце.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sutton Foster♡ (@sutton.foster)

– За времето што го поминаа заедно на Бродвеј, Хју ја третираше Сатон како голема ѕвезда – на сите им беше јасно дека е целосно маѓепсан од неа – забележува изворот.

Сатон исто така откри дека станале „навистина блиски“ кога заедно вежбале за шоуто и признала дека се договорале да се најдат половина час пред секој настап за да имаат време подобро да се запознаат.

Тие тогаш а и се уште се во брак со други луѓе.Сатон е во брак од 2014 година со нејзиниот втор сопруг, сценаристот Тед Грифин, татко на нивната посвоена ќерка,која сега има 6 години.

Во септември,Хју и Дебора-Ли (68) се разделија по 27 години и ги посвоија децата Оскар (23) и Ава (18).

Во времето на нивното разделување,извор за Gloub изјави:

– Тие беа повеќе врзани еден за друг како деловни партнери отколку како маж и жена.Бракот беше како договор брат-сестра. Работите не функционираа на физичко или романтично ниво.

Изворите велат дека Хју и Дебора-Ли сега работат на отплеткување на неговото богатство од 180 милиони долари,а новата романса на Џекмен може да ги искомплицира работите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma