Предметите на Фреди Меркјури на аукциска продажба од 6-ти до 8-ми септември (ФОТО)

popara5 август, 20231min00
721637_profimedia-0466710434_m

Повеќе од 1.500 предмети и сувенири кои му припаѓале на фронтменот на „Queen“, Фреди Меркјури, кои треба да бидат понудени на аукција во Сотби од 6-ти до 8-ми септември, сега се јавно изложени во Лондон.

Продажбата на тие предмети уште од април ја најави добрата пријателка на Меркјури, Мери Остин, на која и оставил половина од своето богатство проценето на 75 милиони долари, како и куќата со 28 соби во Лондон во која таа се уште живее.

Колекцијата, која се проценува дека вреди повеќе од шест милиони фунти, вклучува сценски костими како што се комбинезони со светки, светкави чевли, реплика на круната на Свети Едвард од вештачко крзно, црвен сомот и кристали носени на последната светска турнеја.

692224_11434119_iff
692230_11434123_iff
692229_11434121_iff
692228_11434120_iff

Колекцијата ги вклучува и рачно напишаните стихови на песната „We are the champions“ на пејачот кој почина од СИДА во 1991 година, како и ноти со акордите на песните, кои се проценува дека вредат најмалку 200.000 фунти, пишува „Анса“. Црното лакирано бебешко клавирче на кое Фреди Меркјури ги компонирал и развил некои од најголемите хитови, вклучително и „Bohemian Rhapsody“, е централниот дел на продажбата на имотот на пејачот следниот месец.

Продажбата ќе вклучува и детски клавир, уметнички дела, лични фотографии, Сарбл табли кои тој ги носел на турнеја, пишува „Гардијан“. Директорот на Сотби, Томас Вилијамс, рече дека Меркјури бил колекционер кој никогаш не фрлал ништо, а неговиот имот дава извонреден преглед на животот на пејачот од детството до смртта. Меркјури почина во 1991 година на 45-годишна возраст, само 24 часа откако потврди дека има СИДА и апелираше до своите обожаватели да се приклучат на „борбата против оваа страшна болест“.

Продажната изложба ќе биде тематски распоредена низ 15 галерии на Сотби, од кои едната е посветена на интересот и страста на Меркјури за јапонската уметност и предмети, собрани за време на седум посети на земјата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma