Предности и мани на една од најчестите намирници во кујната: Дознајте дали гризот е добар избор за вас

popara2 октомври, 20231min00
shutterstock1021376200-830x0

Гриз е универзалното име за популарната каша што ја јадеме од мали нозе (таа е меѓу првите оброци што им се даваат на децата кога ќе преминат на цврста храна), која е направена од мелена пченица со фина конзистенција.

Пченичниот гриз е одличен извор на неколку важни хранливи материи, вклучувајќи ниацин, витамин Б6, тиамин, рибофлавин и фолати. Богат е и со железо, што е важен минерал кој често недостасува во исхраната на веганите и вегетаријанците.

Сепак, иако може да биде многу корисен, не е совршен за секого. Гризот содржи глутен и може да има релативно висока содржина на натриум, во зависност од видот, начинот на подготовка и адитивите што се додаваат во него.

Потенцијални придобивки

Пченичниот гриз е поврзан со неколку здравствени придобивки.

Пред сè, тој е богат со важни хранливи материи. Нискокалоричен е, но содржи многу важни микронутриенти. Околу 250 грама варен гриз има само 133 калории, но и 4 грама протеини, 0,5 грама масти, 1 грам влакна и 28 грама јаглени хидрати.

Гризот е исклучително богат со витамини од групата Б како ниацин, витамин Б6, тиамин, рибофлавин и фолна киселина. Како што известува Health Line, витамините Б се вклучени во многу аспекти на здравјето, вклучувајќи производство на енергија, функција на мозокот и синтеза на ДНК.

Пченичната каша содржи и селен, моќен микронутриент кој служи како антиоксиданс за намалување на воспалението и заштита од болести.

Железото е важен минерал кој е неопходен за транспорт на кислород, синтеза на ДНК и производство на црвени крвни зрнца, а гризот го има во изобилство. Една порција од 250 грама обезбедува повеќе од половина од дневниот внес на овој минерал. Недостатокот на оваа клучна хранлива материја може да придонесе за анемија, а бидејќи железото првенствено се наоѓа во производите од животинско потекло, многу вегани и вегетаријанци се изложени на поголем ризик.

И конечно, гризот е вкусен. Тоа е многу разноврсна храна и лесно може да се користи на различни начини. Може да се подготви со вода или млеко, а можете да додадете слатки или солени преливи по ваш избор и личен вкус. Најчесто тоа е шеќер, но може да бидат и сирупи, овошје, јаткасти плодови, зачини, сол, сирење или путер.

Можни недостатоци

Иако гризот има неколку потенцијални здравствени придобивки, има и неколку недостатоци кои треба да се земат предвид.

Пченичниот гриз содржи глутен, група на протеини кои се наоѓаат во житариците кои му даваат на тестото карактеристична еластичност. Додека повеќето луѓе го толерираат глутенот без проблеми, оние со целијачна болест или чувствителност на глутен може да доживеат несакани ефекти откако ќе јадат храна што содржи глутен.

За оние со целијачна болест, консумирањето глутен може да предизвика имунолошки одговор, предизвикувајќи дигестивни проблеми, од стомачна болка до дијареа и запек. Има и надуеност, мачнина, замор и т.н. „магла“ во мозокот и елиминирањето на состојките кои може да содржат глутен, како што се пченичен гриз, пченицата воопшто, јачменот и ‘ржта, може да помогне во ублажување на овие симптоми.

Бидејќи внесот на натриум е ограничен на околу 2.300 mg дневно за повеќето здрави возрасни лица, подготовката на гриз само со сол или со сирење или јаткасти плодови може да го зголеми вкупниот дневен внес.

Некои истражувања покажуваат дека намалувањето на внесот на натриум може да помогне во намалувањето на нивото на крвниот притисок, додека консумирањето големи количини може да биде поврзано со зголемен ризик од рак на желудникот. Во исто време, високиот внес на сол го зголемува излачувањето на калциум преку урината, што потенцијално може да доведе до губење на коскената маса.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag