Пред Блејк Лајвли, Рајан Рејнолдс беше во брак со оваа позната глумица: Се обидувал да ја контролира, а таа сега откри се!

popara22 април, 20231min00
52324_shutterstock-2131194271_f

Скарлет Јохансон се мажела три пати, но денес многумина не се сеќаваат кој бил нејзиниот прв сопруг. Во последните три години таа беше во брак со актерот Колин Јост, ѕвездата на SNL, но прво беше мажена за сега светски познатиот Рајан Рејнолдс.

Ако сте заборавиле на славниот пар, не сте единствените. Заборавила и Гвинет Палтроу, во чиј подкаст деновиве гостуваше Скарлет. „О, да, заборавив дека беше во брак со Рајан Рејнолдс! Наша цел!“, се пошегува таа.

„Не бевме долго во брак, но бевме кога те запознав поради Iron Man или нешто слично“, додаде Скарлет. „Тој е добро момче“, прокоментира Скарлет, која ретко зборува за својот прв сопруг. Не беше отворена ниту кога нивната љубов цветаше, но уште помалку откако раскинаа. Таа само еднаш го коментираше нивниот брак. „Првиот пат кога се омажив, имав 23 години. Навистина не разбирав што е тоа брак. Можеби некако го романтизирав“, изјави таа за Vanity Fair 2019.

Двајцата се венчаа во 2008 година, бракот се распадна во 2010 година, а се разведоа една година подоцна. „По долго и внимателно размислување од двете страни, решивме да го прекинеме нашиот брак. Во нашата врска влеговме со љубов, па ја напуштаме. Иако приватноста не се очекува, таа секако ќе биде ценета“, изјавија тогаш заедно преку магазинот People. Подоцна, без да го спомене, зборуваше за односите со колегите. „Логистиката, да се биде со друг актер е предизвик. Мора да се има вистинско разбирање за тоа како го поминувате вашето време, особено кога кариерите на двајца луѓе напредуваат со иста брзина. Тоа е предизвик и ако една личност е поуспешна од другата, тогаш се појавува конкуренција“, рече таа.

Од друга страна, анонимен извор своите впечатоци од нивната врска ги пренесе на медиумите веднаш по разводот. „И двајцата се тврдоглави, а меѓу нив недостигаше топлина, што беше загрижувачко… Тој може да биде фрик за контрола, тој е потрадиционален, а таа е понезависна… Кога сакаше да ја види, очекуваше таа се да остави и да дојде“, изјави тој за Дејли Меил.

Во 2012 година се ожени со Блејк Лајвли, со која сега има четири деца. Во меѓувреме, од 2014 до 2017 година, Скарлет беше во брак со Ромен Дориак, со кој сега ја има осумгодишната ќерка Роуз.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma