Не трошете пари на работи што не ви требаат
Доколку припаѓате на луѓето кои трошат пари лесно и не знаат како да ги контролираат своите потрошувачки апетити, па го купуваат она што не им треба, време е да престанете со ваквите навики.
Еден од најдобрите начини да престанете со импулсивното трошење пари на неважни работи е секое непотребно купување да го одложите за 30 дена, советуваат експертите.
Ако и по еден месец сè уште сакате да го купите она што веќе сте го намислиле, тогаш дозволете си да го сторите тоа бидејќи сте имале доволно време за да размислите.
Но, доколку во меѓувреме целосно заборавите на купувањето или сфатите дека не ви треба одредената работа, ќе заштедите пари кои непотребно би ги потрошиле. Експертите истакнуваат дека чекајќи да купиме нешто, си дозволуваме да ни избледат емоциите што сме ги доживеале кога сме го виделе производот што сакаме да го имаме по секоја цена. Така, со текот на времето ќе се намалува поривот за импулсивно купување и ќе обрнуваме повеќе внимание на она што го трошиме и ќе купуваме „паметно“.