Придобивките од летните намирници: тиквичките го зајакнуваат имунолошкиот систем, а доматите ги зајакнуваат коските

popara8 јули, 20231min00
Screenshot_1

Зеленчукот содржи различни хранливи материи кои позитивно влијаат на целокупното физичко и ментално здравје.

 

 

Иако ги сметаме како зеленчук, доматите всушност припаѓаат на овошната група, а еден домат со средна големина содржи само 22 kcal. Дополнително, дури 95% од плодот на доматите е вода, додека останатите 5% главно се составени од јаглени хидрати и диетални влакна.

 

Тие се одличен извор на витамини од групата Б, кои позитивно влијаат на здравјето на кожата и на функцијата на нервниот систем. Доматите се одличен извор на витамин К, кој е важен за здравјето на коските. Краставиците се полни со вода, што е одлично за хидратација. Краставицата содржи дури 96% вода. Одлична е за луѓе со висок крвен притисок бидејќи има висок процент на калиум, магнезиум и диетални влакна.

 

За летниот ручек тука се тиквичките, кои исто така се богати со витамини и минерали. Во 100 грама варени тиквички има нешто повеќе од 7 калории. Витаминот А, кој е најзастапен во тиквичките, придонесува за здрав вид и го зајакнува имунитетот. Тој е одлична замена за тестенините, а често се подготвува токму на тој начин – на ленти.

 

Омилена на многумина, црвената ротквица е одлична и здрава храна. Кога ќе ја купите, внимавајте да е свежа, компактна и со светли бои. Чувајте ја на ладно и влажно место. Важно е да се отфрлат надворешните листови пред да се консумираат. Можете да ја јадете во салата или рижото.

 

Пченката е летната храна на која најмногу се радуваме. Освен што е вкусна ужина во летните денови, варената пченка придонесува за здравјето на срцето и крвните садови. Богата е со влакна кои го „уништуваат“ покаченото ниво на холестерол. Богата е и со фолна киселина, која помага при природна регулација на нивото на хомоцистеин во телото и на тој начин го штити кардиоваскуларниот систем.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag