Принцезата Дијана со години носеше една фризура, познатата пикси, која стана нејзин заштитен знак. Нејзината коса секогаш изгледала совршено, а сега е јасно и зошто.
Таа успевала да го задржи волуменот со специјално направен лак за коса, открива козметичката на покојнaта принцеза во ексклузивно интервју за Page Six.
– Во тоа време работев многу со неа и нејзиниот фризер Сем Мекнајт – вели Шер Ладов, која била во раните дваесетти години кога ја добила поканата да создаде специфична формула која ќе и помогне на Дијана да ја направи косата да изгледа токму онака како што замислува.
Таа објаснува дека Дијана сакала лак за коса кој цврсто ќе држи и ќе се чувствува меко, нешто што нема да го наруши нејзиниот младешки и елегантен имиџ.
– Таа не сакаше ништо што ќе направи нејзината коса да изгледа залепена бидејќи беше толку млада и толку убава. Таа не сакаше нејзината глава да изгледа како шлем.
Така Шер Ладоу го создаде она што Дијана и нејзиниот стилист го нарекоа „хеликоптерски лак за коса“, што беше усовршено по серија „искушенија и неволји“, објаснува таа. Нејзината потрага вклучувала многу меѓународни патувања – истражување на бујни шуми и егзотичен терен – како би се набавиле ретки состојки погодни за производ одобрен од принцезата.
– Оваа смола за гума ја најдовме од дрво и така успеавме да направиме формула за Дијана, откривајќи која е точката на топење на смолата, како да не биде толку леплива и да не се стврдне – вели таа, опишувајќи го процесот.
Првата и единствена лична средба со Дијана во палатата Кенсингтон ја памети како вчера.
– Беше во Англија и беше неверојатно. Добив голема прегратка од неа и тоа беше магично. И немаше прес, па тоа беше само убав момент – раскажува таа за Page Six.