ПРИНЦОТ ХАРИ ПОБАРАЛ ДОЗВОЛА ОД КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ДА ЈА ЗАПРОСИ МЕГАН! Нејзиниот одговор е вистинска игра на зборови

popara19 јануари, 20231min00
Screenshot_6

Принцот Хари во мемоарите „Spare“ открил дека морал да бара дозвола од својата баба Елизабета Втора да ја запроси Меган Маркл пред неколку години. Го изненадило тоа правило, а реакцијата на британската кралица исто така.

 

 

 

 

Хари не знаел дека мора да бара дозвола, но правилата така наложуваат и се однесуваат на првите четири членови на британското кралско семејство во линија за наследство на круната.

 

Принцот чекал погоден момент да го постави прашањето, па кога кралицата била расположена одлучил да разговара со неа.

 

„Ми беше кажано дека морам да барам ваша дозвола пред да ја запросам“, ѝ рекол Хари на својата баба.

 

„Зарем мораш?“, го прашала кралицата, а внукот ѝ порачал дека му било кажано да го направи тоа.

 

„Претпоставувам дека тогаш морам да кажам да“, изјавила кралицата Елизабета Втора што го збунило Хари.

 

„Не сфатив. Дали беше саркастична? Иронична? Намерно таинствена? Дали се препушти на играта на зборови? Никогаш не сум ја слушнал баба ми да изведува било каква игра на зборови и ова беше навистина бизарен момент“, напишал Хари во книгата.

 

Прекрасната игра на зборови ја осмислила Елизабета Втора која според зборовите на Хари не ја изненадил „Мегзит 2020“ ниту била лута на својот внук поради одлуката со сопругата Меган Маркл да ја напуштат должноста на виши членови на дворецот.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma