Природен лек за кашлица: Сируп од глуварче

popara25 февруари, 20231min00
503349_kasalj_f

Лесно се прави

Раните пролетни листови од глуварче се користат за подготовка на салати, а се препорачуваат во исхраната на трудниците, доилките и жените во менопауза.

Можеме да користиме и цветови од глуварче, а најдобро се берат напладне кога се најотворени.

Цветовите од глуварче најчесто се користат за подготовка на сируп кој може да се додаде во разни слатки, или да се користи самостојно како сируп против кашлица за деца и возрасни.

Состојки:

200 грама цветови од глуварче заедно со стеблото

2 лимони

1,5 литри топла вода

1 кг шеќер

Подготовка:

Исечкајте ги стеблата и цветовите на глуварчето и прелијте ги со топла вода.

Додадете лимон исечен на кришки или исцеден сок од лимон и сè заедно варете на тивок оган околу половина час.

Процедете ја течноста, додадете уште шеќер и варете уште 15 минути.

Истурете го врелиот сируп во претходно стерилизирани стаклени шишиња или тегли и внимателно покријте го.

Чувајте го сирупот на темно и ладно место.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma